Полицијата ги откри сторителите кои предизвикаа немир во училиштата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје ќе бидат пријавени за праќање лажни закани за бомби во училишта, откако Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според информациите од МВР, малолетниците на 19 февруари 2025 година испратиле заканувачки е-пошта за наводно поставени бомби во две училишта во Скопје – едно основно и едно средно. Два дена подоцна, на 21 февруари, од друг мобилен телефон повторно била испратена лажна закана за бомби во уште две училишта.

Полицијата веднаш реагирала, а Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни направи извршила антитерористичка проверка во сите училишта кои примиле закани. По деталната анализа било утврдено дека станува збор за лажни дојави и дека не постојат вистински експлозивни направи.

По преземените мерки од Секторот за компјутерски криминал, полицијата успеала да го утврди IMEI бројот на мобилниот уред од кој биле испратени заканите. Овој уред бил поврзан со услугите на Google на 21 февруари преку IP адреса од телекомуникациски оператор во Македонија.

На 25 февруари 2025 година, двајцата малолетници биле повикани во Полициската станица Чаир, каде во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција и адвокат, бил извршен разговор со нив. Тие го признале делото и детално го опишале начинот на кој ги испраќале лажните закани.

„По спроведените истражни дејства, утврдена е инволвираноста на двете малолетни лица. Од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ-картички, кои биле користени за извршување на делото“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Против двајцата малолетници ќе биде поднесена соодветна пријава до обвинителството.

Share This Article