Во вторникот во 14.30 часот во близина на селото Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово, а кое било полно со прехранбени производи без документација, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
