Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, повика на зајакнување и на модернизација на војската за да биде подготвена за евентуална војна, објави денеска севернокорејска државна новинска агенција.
За време на посетата на воената академија Канг Кон, Ким го критикуваше лошото управување и состојбата на образовните објекти, наведувајќи дека училиштето не ги исполнува целите на владејачката партија за изградба на модерна и моќна армија.
Тој нареди реновирање на академијата и подобрување на образовните програми со фокус на практичната обука, вклучително и совладување на модерното оружје и воената технологија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
