Рускиот шеф на дипломатијата не сака европски мировници во Украина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Делегации на Русија и САД утре во Истанбул ќе одржат уште една средба, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Како што пренесува украинскиот портал Медуза, преговорите ќе се фокусираат на отстранување на пречките за работата на дипломатските претставништва на двете земји.

– Мислам дека резултатите од средбата јасно ќе покажат колку брзо и ефективно можеме да напредуваме – рече рускиот министер кој ја предводеше руската делегација на првата ваква средба на 18 февруари во Ријад.

Средбата во Ријад, на која не учествуваа претставници од Европа и од Украина беше и прва ваква средба од почетокот на војната во Украина. Американската делагација ја предводеше државниот секретар на САД Марко Рубио.

Лавров на прес-конференција во Доха истакна дека Русија не разгледува никакви опции за распоредување европски мировници во Украина, јави РИА Новости.

– Не, не можеме да разгледаме никакви опции. Разговорите за некои мировни сили се празни. Главната работа е да се уништат основните причини за конфликтот. Тие не се во отсуство на мировни сили – рече тој, одговарајќи на прашање за можноста за распоредување мировници во соседна земја.

Во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека смета дека е неопходно да има мировни сили во Украина во една или друга форма. Истиот ден рускиот претседател Владимир Путин им понуди на САД заедничка соработка во експлоатацијата на рудни богатства во Русија, вклучително и во новоокупираните региони во Украина кои Москва ги окупираше.

Трамп во средата информираше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок ќе пристигне во Белата куќа за потпишувањето на договор за користење на ретките минерали на Украина со САД. Детали од договорот протекоа во медиумите.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во средата изјави дека постои меѓусебно разбирање дека средбата меѓу американскиот и рускиот претседател мора да се случи и дека подготовките се во тек иако сè уште нема конкретни детали.

- Advertisement -
Ad image

– Постои разбирање дека мора да се одржи, и има разбирање дека мора добро да се подготви. Тоа е ставот на двајцата претседатели – прецизираше тој.

Песков рече и дека „во моментов во тек е постепено спроведување на тие договори кои беа склучени на преговорите на делегациите во Ријад“.

Share This Article