„Системот го запре во сообраќајот и го однесе на распит! Каде е демократијата, каде се партнерите кои треба да го бранат?“.
Вака беше објавено на официјалната Фејсбук страница на прорускиот кандидат за претседател на Романија и можен фаворит за претстојните избори, Калин Георгеску. Тој бил приведен во моментот кога требало да поднесе нова кандидатура за изборите закажани за 4 мај.
Во Јавното обвинителство на Романија Георгеску ќе биде сослушан за наводите за финансирање на кампања за ланските избори кои беа сопрени по неговата победа во првиот круг поради наводно руско мешање. Инспекторите истражуваат и група од 27 лица за наводно дејствување против уставниот поредок.
Романските медиуми објавија дека обвинителите издале налог за апсење и ги претресуваат просториите на неговите соработници, вклучително и водачот на платеничката група, Хорациу Потра, и на телохранителот на Џорџеску.
Георгеску изјави дека апсењето е обид за негово заплашување.
Романскиот претседател Клаус Јоханис на 10 февруари поднесе оставка велејќи дека сака да ја поштеди земјата од кризата што ќе настане доколку Парламентот го отповика.
Изборите закажани за 4 мај треба да ја разрешат политичката криза во земјата.