Премиерот на Украина, Денис Шмихал, денеска презентираше нацрт-договор за ретки метали со САД и изјави дека нацртот е формулиран на таков начин Вашингтон да ги поддржи напорите на Киев да добие безбедносни гаранции.
Како што јавија агенциите, Шмихал не објасни за какви безбедносни гаранции станува збор.
Шмихал додаде дека украинската Влада ќе го одобри нацрт-договорот подоцна денеска за да може да биде потпишан што е можно поскоро, при што се очекува претседателот на Украина, Володимир Зеленски, в петок, во Вашингтон, да се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп.