Вечерва (среда, 26 февруари), се одржува втората полуфинална вечер на српскиот избор на Песна на Евровизија 2025. Но, по првата вечер синоќа, стана јасно дека овој избор ќе биде целосен хаос.
На општо изненадување, отпадна Наташа Којиќ, ќерка на Драган Којиќ Кеба, чија песна „Горе и долу“, се сметаше за апсолутен тинејџерски фаворит.
Откако излезе ни горе ни долу, Наташа и Кеба беа како попарени од неуспехот и бесно го напуштија местото на настанот, давајќи хаотични изјави.
Отпадна и популарниот Сале Тропико, кој исто така се сметаше за еден фаворитите. Во злобните коментари на социјалните мрежи беше кажано дека Сале се облекол како од Тему:
Четири мажи облечени како девојки, групата Harem Girls, со песната „Аладин“ се пласираа во финалето што ќе се одржи в петок на 28 февруари, кога ќе се избере српскиот претставник за Евровизија.
Покрај мажите харемски девојки, добри шанси имаат и Ana & The Changes, Бојана икс Дејвид, Исказ, Бибер, Круз Роуди, Милан Николиќ, Кејк и Филариј.
Евросонгот годинава ќе се одржи од 13 до 17 мај ќе биде во Базел, Швајцарија.