Малолетник од Куманово завршил со тешки повреди во болница откако претходно се забил со автомобил во бетонска ограда од куќа на патот меѓу селата Ропаљце и Матејче, информира кумановската полиција.
„Вчера околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа“, се вели во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.