Првиот дуел на Лејкерс и Далас по трансферот на Лука Дончиќ во тимот од Лос Анџелес заврши со победа за Лејкерс. Се чини дека словенечкиот кошаркар конечно го наоѓа своето место во новиот тим. Тој му се „одмазди“ на својот поранешен тим со трипл-дабл.
Лејкерсите утринава го совладаа Далас на домашен терен со 107:99 во натпревар од регуларниот дел од НБА-сезона.
Словенецот имаше проблеми со реализацијата, но тоа не го спречи да постигне одлични бројки на овој натпревар. За 35 минути игра заработи 19 поени, 15 скока, 12 асистенции и украде две топки. Ова беше неговиот прв трипл-дабл од неговото доаѓање во Лејкерс.
Дончиќ стана четврт кошаркар во историјата на НБА лигата кој во првите пет меча во клубот постигнал двоцифрен учинок во три колони.
На почетокот на февруари, Маверикс го разменија Словенецот со Лејкерси за Ентони Дејвис, кој го пропушти натпреварот поради повреда.
Лејкерси го добија третиот последователен натпревар и се искачија на четвртата позиција во Западната конференција. Далас е на деветтото место.