Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на посетата на Воената академија Канг Ком изјави дека Пјонгјанг треба да изгради силна и модерна армија, способна да се бори во секоја војна.
Сеул тврди дека Ким претходно вршел инспекции на воени единици, што би можело да биде подготовка за испраќање на нов контингент од севернокорејски армиски припадници во Русија.
Ким го критикуваше лошото управување со Воената академија, велејќи дека институцијата не ја исполнила целта на владејачката партија за модернизација на војската.
Според Ким, образованието на Воената академија треба да се фокусира на практична акција, за студентите да можат да научат за „реалните светски искуства на модерното војување“ и да го совладаат модерното оружје и техничката опрема.
Јужна Кореја верува дека Пјонгјанг би можел да има корист од испраќањето оружје и војници во Русија, бидејќи стекнува искуство во работењето на модерно бојно поле.
Украина тврди дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите на руска територија, јавува Ројтерс.