Министерството за одбрана на Тајван објави дека наредило распоредување сили околу островот како одговор на кинеските воени маневри.
Пекинг мобилизираше 32 авиони околу Тајван и најави вежби со жив оган во област на околу 74 километри од островот.
Тајван им нареди на своите воздушни, копнени и поморски сили „да ги следат, предупредуваат и соодветно да реагираат“, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека кинеските вежби го зголемиле ризикот за безбедноста на меѓународните летови и бродови, а исто така претставуваат јасна провокација во однос на регионалната безбедност и стабилност.
Кина во последниве години се повеќе распоредува авиони и воени бродови околу Тајван, за кој тврди дека е дел од кинеската територија.
Пекинг не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање контрола врз островот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
