Франција е подготвена да го искористи своето нуклеарно оружје како оружје за одвраќање во заштита и одбрана на Европа, додека САД наведуваат дека би можеле да се повлечат од европскиот континент, објави британскиот весник Телеграф.
Според медиумот, француските авиони-ловци вооружени со нуклеарно оружје би можеле да бидат распоредени во Германија.
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц по изборите апелираше Франција и Велика Британија да пружат нуклеарна заштита, со цел Европа да стане независна од „Америка на Трамп“.
Неименуван француски функционер за Телеграф изјави дека распоредувањето француски ловци со нуклеарно оружје во Германија ќе испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин. Дипломатите во Берлин сугерираат дека тоа ќе изврши притисок врз британскиот премиер Кир Стармер да го стори истото.
Францускиот нуклеарен потенцијал во моментов е независен од НАТО, додека Велика Британија е клучен дел од одбранбената стратегија на Алијансата.