Голем недостиг на јајца е забележан во САД, а како главна причина за тоа се наведува појавата на болеста птичји грип поради која се уништени голем број јата и прекинот на синџирите за снабдување. Поради ова последните месеци има висок пораст на цената и панична потрошувачка што дополнително го зголемува проблемот.
Само минатиот месец цените на јајцата пораснаа за 15,2% што е највисок пораст на цената на јајцата од јуни 2015 година. За една година, растот на цената на јајца бил неверојатни 53%.
Во текот на февруари просечната цена за пакување од 10 јајца во САД достигна историски максимум од 4,95 долари, надминувајќи го претходниот рекорд од 4,82 долари во 2023 година. Некои трговци на мало наплаќаат дури 10 долари по десетина. Според извештајот на Служба за зачувување на природните ресурси (USDA), просечната цена за десетина изнесуваше 7,34 долари заклучно со 7 февруари годинава.
Одредени држави, вклучувајќи ги Хаваите и Флорида, објавија највисоки цени, со просечни 9,73 и 6,36 долари за пакување од 10 јајца.
Годишната побарувачка на американскиот пазар е околу 7,5 милијарди јајца.
За да ја ублажат состојбата, САД го зголемија увозот на јајца за да го стабилизираат пазарот. Само од Турција до јуни годинава треба да увезат околу 420 милиони јајца во САД.
Служба за зачувување на природните ресурси (USDA) предупреди дека цените на јајцата може да се зголемат за дополнителни 20% во текот на 2025 година, бидејќи птичјиот грип продолжува да влијае на индустријата.
Белата куќа најави план за борба против кризата, кој вклучува биосигурност, медицински решенија и строга контрола на вирусот.
САД од 2022 година имаат проблем со на птичјиот грип кој зафати над 150 милиони птици, што ја прави една од најскапите епидемии на болести кај животните во историјата на земјата.