Поранешниот хрватски вицепремиер Јосип Дабро кој поднесе оставка откако се појави снимка во која пука од автомобил во 2020 година го учел својот 12-годишен син да пука со калашников и да активира рачна бомба од типот М-52, пишува хрватски Индекс.
Хрватското државно обвинителство (ДОРХ) кое ги поседува снимките побара од собраниската Комисија за мандатно-имунитет (МИП) да му го укине имунитетот на Дабро.
На прашањето дали го учел синот да пука, Дабро за Н1 изјави:
– Прво, не можам да ја коментирам истрагата, а тоа е лага. Утрово прочитав дека на моето дете сум му давал рачни бомби. Никогаш во животот не сум бил ни во близина на бомба. Шест недели сум на насловните страници, јасно е кој ми го подметна ова. Има суд. Ако треба да одам во затвор, ќе го прележам на една страна. Не се плашам од затвор. Никому не му го давам мандатот. Зошто би го направил тоа? Ме избраа луѓето од петтата изборна единица. Најверојатно поради ова ќе завршам во затвор, под превезот на овие дела.
Во јануари 76 пратеници гласаа Дабро да остане пратеник по неговата оставка откако во јавноста се појави снимка на која Дабро пука од приватен автомобил во населено место. Дабро привчно изјави дека пукал на приватна прослава и дека не планира да даде оставка.
Индекс тогаш напиша дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ лично го убедувал Дабро да ја преиспита својата одлука да не се повлекува од функцијата велејќи му дека ќе го разреши од функцијата.