Background

Трамп шокиран од тоа за што се трошеле парите на Американкците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека шефот за ефикасност на владата, Илон Маск, открил дека администрацијата на претходниот претседател Џозеф Бајден доделила 100 милиони долари за набавка на кондоми за Хамас, пренесе Тајмс оф Израел.

Поранешен функционер во администрацијата на Бајден задолжен за израелско-палестинските прашања ги отфрли таквите тврдења.

Според Тајмс оф Израел, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) доделила 60 милиони долари во 2023 година за различни контрацептивни средства ширум светот.

- Advertisement -
Ad image

Како што покажувале податоците на УСАИД, не биле издвоени средства за набавка на кондоми за Блискиот Исток.

Пари и за промена на режими

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги доведе во прашање одлуките на администрацијата на Бајден, која ги користела парите на даночните обврзници, односно американските граѓани, за промена на режимот во Индија, како и довербата на гласачите во Либерија, операцијата за промена на полот во Гватемала …

Неговите изјави дојдоа неколку дена откако американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), на чело со милијардерот Илон Маск, откри дека УСАИД донирала 21 милион долари за зголемување на „излезноста на гласачите“ во Индија.

Говорејќи на самитот „FII PRIORITY“ во Мајами, Флорида, тој се запраша „дали се обидувале да изберат некој друг“.

– Дваесет и еден милион долари за гласачите во Индија. Зошто нѝ требаше да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па, тие веројатно се обидоа да изберат некој друг. Треба тоа да ѝ го кажеме на индиската влада, бидејќи кога ќе слушнеме дека Русија потрошила околу два долари во нашата земја, тоа е голема работа, нели? Москва објави реклама на интернет за две илјади долари и тоа едноставно е огромно достигнување. А ние потрошивме 21 милион долари за избори во Индија – рекол Трам и ја насмеал публиката.

Тој исто така спомена и неколку други меѓународни трошоци, како што се „зајакнување на политичкиот пејзаж во Бангладеш“, 20 милиони долари за „фискален федерализам“ во Непал, 1,5 милиони долари за „доверба на гласачите“ во Либерија и дури 486 милиони долари за конзорциум за избори и зајакнување на политичките процеси, вклучително и 22 милиони долари за партиципативен политички процес во Молдавија.

Државата исплаќала пари на лица постари од над 200 години

Милиони долари од џебовите на американските даночни обврзници биле потрошени за исплата на лица кои според официјалните податоци наводно се постари од 200 години, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

– Во американскиот систем за социјално осигурување регистрирани се милиони лица за кои се тврди дека се постари од 130, 140, па дури и 150 години. Имаме случај на човек кој според официјалните податоци е постар од 360 години – тоа е апсолутен рекорд! Нашата земја постои само 250 години, а тој е постар од самата Америка – рече американскиот претседател на конференцијата на конзервативците „CPAC“ во Вашингтон.

 

 

Трамп додаде дека таквите податоци се доказ за „масовната измама“ која процветала за време на претходната администрација.

– Регистрирани се дури 3,5 милиони луѓе на возраст меѓу 140 и 149 години, додека 1,3 милиони од нив се постари од 150 години. Имаме и 1.039 луѓе за кои се тврди дека се постари од 220 години. Како е тоа можно? – праша Трамп, изразувајќи револт поради овие случаи.

Американскиот претседател нагласи дека неговата администрација веќе презема чекори за да ги идентификува „лажните долговечни корисници“ и дека ќе го спречат трошењето на парите на американските даночни обврзници.

– Оваа шема функционирала со години, но ние ќе ја запреме – порача Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation