Background

Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

Откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир. При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

 

– Запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен тим по извршена детална контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки во Царинска испостава 1014.

- Advertisement -
Ad image

 

– Во друг случај се запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово. Делото за повреда на права од интелектуална сопственост е откриено од царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран.

– Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Лицето сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

– Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation