Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српската делегација на Генералното собрание на Обединетите Нации по грешка гласала за европската резолуција за Украина кога требало да биде воздржана, и им се извини на граѓаните.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го прифати извинувањето кон Москва велејќи дека се случуваат технички грешки.
– Се разбира, слушнавме, се разбира, прифативме. Секако дека се случуваат технички грешки и, се разбира, таквата брза реакција на шефот на државата многу нè импресионира – изјави Песков за новинарите.
На третата годишнина од руската инвазија на Украина, во понеделникот, САД не успеаја да добијат одобрување од Генералното собрание на ОН за својата резолуција со која се повикува на крај на војната без споменување на руската агресија.
Наместо тоа, Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.