Ноќеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Лазар Личеноски во Скопје, патничко возило „шевролет спарк” со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.