Волц изјави дека идејата за влез на Украина во НАТО „не е повторно на маса“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајк Волц, денеска изјави дека идејата за влез на Украина во НАТО „не е повторно на маса“, и покрај понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече, во замена за членството на неговата земја во тој воен сојуз.

– Не гледам дека САД сакаат Украина да се приклучи на НАТО, а потоа да ангажира американски војници според член 5 или директно да се вклучи во војната во Украина – изјави Волц за „Фокс њуз“, пренесе Политико.

Волц нагласи дека „фрустрациите се големи“, бидејќи администрацијата на Трамп се надева дека наскоро ќе постигне договор со Русија за завршување на војната, а на прашањето дали е закажана средба меѓу Путин и Трамп, тој одговори: „во овој момент не“.

– Претседателот Трамп очекува дека ќе се постигне договор и мислам дека тоа ќе го видите за многу кратко време – рече Волц.

Во однос на безбедноста на Украина, Волц рече дека САД ги поддржуваат Франција, Велика Британија и другите европски земји, кои се согласуваат да му понудат на Киев „многу силни“ безбедносни гаранции.

– Со години баравме од Европа да ја зајакне својата одбрана и со години баравме од Европа да плати за сопствената одбрана, бидејќи американските даночни обврзници го преземаа овој нефер товар со децении – рече советникот за национална безбедност на претседателот Трамп.

Тој го повтори ставот на Трамп дека Америка е подготвена да ја гарантира безбедноста на Украина во замена за украинските ретки минерали, што Киев засега не го прифаќа.

Share This Article