Гласините за пејачот Џастин Бибер и неговата наводна употреба на дрога во последно време се сè погласни, но неговиот портпарол одлучи да ги прекине шпекулациите.
Тој за ТМЗ изјави дека тврдењата се „апсолутно невистинити“ и дека пејачот всушност се наоѓа „во еден од најдобрите периоди од својот живот“.
И покрај шпекулациите, Бибер во моментот е посветен на семејството и кариерата. Неговиот фокус е на шестмесечен син Џек Блуз, но и на работата на нова музика и проекти.
Минатата година беше предизвик за пејачот – тој стави крај на некои блиски пријателства и деловни врски кои повеќе не му одговараа. Меѓутоа, со почетокот на новата година, тој реши да стави приоритет на бракот, татковството и создавањето музика.
Поради сето ова, гласините за неговото физичко и психичко здравје дополнително го исцрпуваат.
Неговиот портпарол нагласи дека овие написи и текстови се „исцрпувачки и жалосни“ и ја одразуваат потребата на медиумите да ги овековечат „негативните, сензационалистичките и штетните наративи, и покрај очигледната вистина“.
Неодамнешните јавни настапи на Бибер предизвикаа загриженост кај обожавателите – забележано е дека тој изгледа исцрпено, значително изгубил тежина и често неконтролирано се чеша.
Овие симптоми често се поврзуваат со употреба на дрога, што ги поттикна шпекулациите за неговото здравје.
Пејачот во минатото отворено зборуваше за сопственото искуство со зависноста, признавајќи дека почнал да употребува марихуана кога имал 12 или 13 години и дека во тинејџерските години се соочил со притисокот на славата.
Потоа објасни дека дрогата за него е „само бегство“. Меѓутоа, според неговиот тим, Бибер сега е целосно посветен на здравиот и стабилен живот, а истовремено работи на нови проекти и ужива во семејниот живот.