Background

За Трамп ова е единствениот момент за крај на војната

Претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон денеска имаа средба во Вашингтон, по која одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа.

Трамп ја отвори конференцијата со нагласување на пријателството меѓу него и Макрон, потсетувајќи на поканата што ја добил за повторното отворање на катедралата Нотр Дам минатата година, како и на последната посета на францускиот претседател на Вашингтон заедно со неговата сопруга.

Тој истакна дека Франција е „најстариот сојузник на Америка“.

- Advertisement -
Ad image

Посетата на Макрон на Белата куќа се совпаѓа со третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. Тој сака да обезбеди клучна улога за Европа и за Украина во дипломатските напори, откако овие две страни беа исклучени од неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за можен крај на војната.

Трамп изјави дека целта на денешната средба е ставање крај на конфликтот во Украина.

– Стотици илјади Руси и Украинци загинаа непотребно, цела генерација е уништена – рече тој, додавајќи дека „многу добри чекори кон мирот веќе се случуваат и дека Макрон имал клучна улога од самиот почеток“.

Според Трамп, „ова е вистинскиот момент, можеби и единствениот момент“ да се стави крај на војната.

Тој нагласи дека трошоците за обезбедување мир треба да бидат покриени од европските држави, а не само од САД.

– Европа мора да ја преземе централната улога во обезбедувањето долгорочна безбедност на Украина, што таа и сака да го направи – рече Трамп.

Трамп ја повтори својата желба да ги врати парите што САД ги потрошиле за поддршка на Украина, а според него износот надминува 300 милијарди долари.

Тој, исто така, истакна дека САД „мораат да имаат договор со Украина за критични минерали и ретки метали како дел од безбедносните гаранции“, додавајќи дека во таа насока се прават значителни чекори.

Макрон: „Мирот не смее да значи капитулација на Украина“

Макрон се обрати на француски, заблагодарувајќи му се на Трамп за пријателството меѓу САД и Франција.

Тој нагласи дека Европа не избегнува одговорност во поддршката на Украина, истакнувајќи дека ЕУ инвестирала 128 милијарди долари во украинската безбедност.

– Украина е фронтот за колективната безбедност на цела Европа, рече Макрон, додавајќи дека украинскиот народ покажал извонредна храброст.

Тој потенцираше дека никој не сака свет во кој „волјата на посилниот може да биде наметната, а меѓународно признатите граници да бидат прекршени“.

Францускиот претседател истакна дека разговарале за можноста за примирје што ќе биде мерливо, проверливо и што ќе отвори пат кон траен мир.

– Мирот не смее да значи капитулација на Украина или прекин на огнот без гаранции. Секој договор мора да ја зачува украинската сувереност и да ѝовозможи на Украина да преговара за своите интереси со сите засегнати страни – рече Макрон.

Тој ја заврши својата изјава со зборовите дека имале „исклучително продуктивни разговори“ и дека „верува дека има пат напред“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation