По упокојувањето на митрополитот Тимотеј, митрополитскиот Трон на Дебарско-Кичевската епархија остана празен, што отвори простор за нови конкуренции за ова високо место. Веднаш по неговата смрт, Партение, викарниот владика, и самонаречениот „старец“, се појави како првиот што се обиде да ја преземе функцијата и без да чека завршување на погребните обреди, изрази желба да седне на митрополитскиот Трон. Но, тоа не беше прифатено од сите во црквата, особено од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА ,па следуваше серија контроверзи со потписи од граѓаните кои ги собираше за да ја осигура својата кандидатура.
Како што дознава редакцијата на Охридскај, Светиот архиерески синод, кој се состои од архиереи на Македонската православна црква, под водство на Неговото Првосвештенство архиепископот Стефан, ќе ја донесе конечната одлука за тоа кој ќе биде новиот митрополит. Оваа одлука ќе биде објавена на Велигденските празници.
Од синодот за охридскај брифираат дека за местото на митрополит на Дебарско-Кичевската епархија ,едиснствено зад кој би застанал Синодот предводен од Архиепископот Стефан ,е Јеромонахот Нехтарие, кој се смета за вистински наследник на функцијата. Нехтарие е познат како стереин и уважен служител на манастирот „Свети Наум“ и е широко почитуван во црковните кругови. За него се смета дека е најсоодветен кандидат за оваа важна позиција и за администратор на Охридската епархија. Неговото назначување би било видено како стабилен и позитивен чекор за иднината на оваа важна црковна област.
Сашо Денесовски