Социјалните мрежи вријат од коментари за дебитантската песна на Лара Трамп, снаата на американскиот претседател. Во стиховите инспирирани од филмот „Mr. & Mrs. Smith“ таа пее дека нејзината работа се одвива надвор од очите на јавноста и дека таа е посложена личност од она што е видливо во јавниот живот.
Додека некои се воодушевени од „No days off“, други велат дека нејзиниот глас е „злосторство против човештвото“.
„Не морам ниту да го слушнам ова за да знам дека е ужасно“, „Ова е најлошото нешто што некогаш сум го слушнала“ и „Таа има ужасен глас“, беа само дел од коментарите.
Лара беше еден од портпаролите и стратезите во изборната кампања на Трамп, често се појавуваше во телевизиски емисии за да ја промовира семејната политика и да го брани нивниот политички став.