Зеленски многу ќе изгуби ако не потпише договор за минералите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вашингтон се заканил да ја исклучи Украина од сателитскиот интернет Старлинк ако Киев не прифати договор за развој и користењето на нејзините минералните ресурси од страна на САД, пренесуваат дел од американските медиуми.

Во извештајот, заснован на анонимни инсајдери запознати со преговорите, се наведува дека ова било дискутирано меѓу американски и украински официјални лица, а откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби првичниот предлог на американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Прашањето уште еднаш било покренато за време на средбата на Кит Келог, специјален претставник на САД за Украина, со Зеленски. Во текот на разговорот, украинската страна била информирана дека без да се постигне договор за критично важните минерали, пристапот до Старлинк може да биде блокиран. Овој сателитски интернет е во сопственост на СпејсЕкс, компанија на милијардерот Илон Маск кој се наоѓа во најтеснот круг соработници на претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Украина е целосно зависна од Старлинк, тие го сметаат за својата Поларна ѕвезда. Губењето пристап до системот ќе биде сериозен удар за нив – изјавил изворот.

Според Мелинда Харинг од Атлантски совет, Старлинк игра клучна улога во управувањето со украинските беспилотни летала, важен дел од нивната воена стратегија.

– Ако Украина го загуби пристапот до Старлинк, тоа радикално ќе ги промени правилата на игра – истакна Харинг.

Според неа, украинската армија во моментов постигнала паритет со Русија во користење на беспилотните летала и артилеријата. Притоа, Киев располага со широк спектар на дронови – од извидувачки и поморски до далекудометни ударни летала.

Украинската амбасада во Вашингтон, Белата куќа и Пентагон не ги коментирале новинските извештаи за ова.

Share This Article