Шпанскиот весник АС во петокот тврди дека неговите новинари го забележале Новак Ѓоковиќ на аеродромот во Доха и дека е очигледно дека српскиот тенисер куца.
По поразот од Матео Беретини, Ѓоковиќ изјави дека нема здравствени проблеми, дека не е повреден и дека загубил затоа што бил надигран.
Ден подоцна, епизодата на Ѓоковиќ во Доха заврши со пораз во двојките што ги играше со Фернандо Вердаско.
Сепак, АС тврди дека Ѓоковиќ тешко оди, дека е очигледно дека куца и дека има болки.
За повредата на Ѓоковиќ се шпекулира уште од Отвореното првенство на Австралија, кога некои медиуми, повикувајќи се на коментари на тениските легенди, го обвинија дека лажирал повреда по поразот.
Ова доведе до објавување на фотографија со магнетна резонанца со која Ѓоковиќ сакаше да ги „замолчи“ сите кои не веруваа дека е повреден.