Српскиот актер Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада партнерка и колешка Аница Лазиќ студените февруарски денови во Србија ги заменија за потопли поднебја.
Партнерите веќе неколку дена уживаат на плажа и во сонцето, а судејќи по фотографиите што ги објавуваат, одлично се забавуваат. Ристовски кој има 72 години целосно се подмлади покрај својата млада партнерка и стана поактивен на социјалните мрежи. Сега тој ги заинтригира сите со неговата последна објава.
Имено, актерот објави фотографија на која се држи за рака со Аница додека таа е во костим за капење, а тој во шорцеви за капење. Тие уживаат на плажа, изведувајќи впечатливи интересни пози, а описот на фотографијата гласи „Во склад со природата“.
Младата актерка објави и неколку кадри од патувањето, а никој не остана имун на овие фотографии.
Да потсетиме, Аница зборуваше и за тоа како ја запознала Лазар и како нивната љубов буквално се разгорела набргу откако се запознале:
– Јас и Лазар се сретнавме без никаков посредник, единствениот посредник беше Бог. Се сретнавме во Белград, се гледавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. По таа прегратка седевме и разговаравме со часови – изјавила актерката.
– Кога луѓето ме прашуваат колку време сме заедно, јас велам од првиот пат кога се погледнавме. Имавме разговори дали треба да излеземе во јавноста и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме да го објавиме тоа, Лазар немаше да биде Лазар ако не го направи тоа на свој начин – открила таа.