Манчестер Сити ја има една од своите најлоши сезони во ерата на Пеп Гвардиола, а тоа може да донесе тектонски промени во редовите на Граѓаните.
Имаше полемики околу тоа дали Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити, но тоа нема да се случи. И покрај лошите резултати оваа сезона, Гвардиола му донесе титули на Сити низ годините кои ќе го задржат на клупата:
„Апсолутно, сакам да продолжам во Манчестер Сити“, јасен беше Гвардиола, а сега е време за кратења.
Сити ќе види многу играчи кои заминуваат на крајот од сезоната, а ќе има големи промени кога е во прашање играчкиот кадар. Според извори блиски до клубот, кај некои играчи имало материјален замор, па ќе има промени.
Сити зимава донесе четворица нови играчи, а најзабележителен е Омар Мармуш. Тоа нема да биде се, ќе има поголеми промени и многу повеќе.
Планот на „Граѓаните“ е да донесат четири или пет играчи во зависност од заминувањата што ќе следат, според новинарот на „Дејли мејл“, Џек Гоган. Гвардиола се согласува со одлуката и ќе работи со спортскиот сектор за доведување на нови играчи.