Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изрази оптимизам дека работите ќе тргнат на подобро за тимот, ден откако англискиот првак беше елиминиран во Лигата на шампиони од Реал Мадрид со вкупен резултат 3:6. Во Премиер лигата Сити е во борба за место во топ 4.
„Остануваме обединети. Понекогаш во животот треба да поминете низ тоа и да научите од тоа, бидејќи не можете секогаш да победувате. Заедно повторно ќе се издигнеме“, напиша Халанд на социјалните мрежи.
Норвежанецот го пропушти вчерашниот реванш против Реал Мадрид (1:3) откако сè уште не е целосно заздравен по повредата со која се здоби против Њукасл пред неколку денови. Останува под знак прашалник и неговиот настап на неделното дерби со Ливерпул во Премиер лигата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
