Ние сме на работ на мирот во Европа по три години благодарение на Трамп, изјави американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во разговор на годишната Конференција за политичко дејствување на конзервативците (CPAC), пренесува „Гардијан“.
– Мислам дека со претседателот Трамп, она што го прави толку ефикасен преговарач и тоа го видов и приватно, е тоа што тој не симнува ништо од масата. … Сè е на маса. И, се разбира, тоа прави да избувнат луѓето во Америка велејќи: „Зошто разговараш со Русија?“ Па, како ќе ја завршите војната освен ако не разговарате со Русија? Мора да разговарате со сите вклучени во борбите.
Џеј Ди Венс вели дека Трамп „признава дека многу од овие прашања се тешки и дека ќе треба паметен државник да ги сфати овие работи“.
Конференцијата организирана од Американската унија за конзервативни акцијае најголем собир на американските конзервативци.