Војниците мора да се уредно избричени, останува одредбата дека им е забрането да носат брада, а можат да носат мустаќи.
Уставниот суд денеска не покрена постапка за оценување на уставноста и на законитоста на параграфот број 7 од Правилото за односите во вршењето на службата на Армијата на Македонија, донесено во јули 2012 година од Началникот на Генералштабот.
Во оспорениот параграф е наведено дека воениот персонал на служба на АРМ мора секогаш да биде уредно облечен, избричен и потстрижен.
„Се потстрижуваат средно зулфите, до половина на увото, а косата да не паѓа на ушите и јаката на облеката, односно да не се витка преку работ на капата, шапката или баретката. Не смее да носи брада, а ако носи мустаќи, треба да бидат долги 0,8 сантиметри од горната уста и не смеат да преминуваат преку неа. Косата не смее да биде подолга од 5 сантиметри“, се вели во оспорената одредба.
Подносител на иницијативата е Здружението за развој Млади за јавен интерес, од Дебар.
„Подносителите наведуваат дека прашањето за носење брада е правно допуштено со Уставот и со Европската конвенција, а ваквата одредба претставува мешање во правото на приватен живот. Се наведува дека е апсурдно што не се забранува носење на бркови, а притоа постои апсолутна забрана за носење на брада“, соопшти Уставниот суд.
Tagged as:
Останува забраната за носење брада во АРМ Уставниот суд не поведе постапка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖