Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и на обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај. Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица. Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа. Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата. Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал. Жално е што СДСМ и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата. Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
