Сметководителите кои се времено избришани од регистарот, ќе можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024 година. Ова ќе го овозможи посебен закон кој во скратена постапка денеска ќе го поднесат пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ.
Ова е договорено на денешната средба на претставници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ со претставникот на неформалната група на неформалната група на професионални сметководители со одземено право на работа Сашо Цветановски.
Како што е соопштено од средбата, оваа иницијатива е важен чекор напред кон решавање на сите други преостанати барања кои беа презентирани од неформалната група, а со цел да придонесеме кон подобрување на условите за работа на сметководителите и да ги зајакне нивните професионални права.
Коалицијата „Твоја Македонија“ презеде обврска да се донесе системско решение, со коешто ќе се надминат сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат сметководителите во Македонија.