Рубио и Лавров договорија неколку начелни работи во Ријад

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руската и американската делегација на разговорите во Ријад „не само што се слушале туку и се слушнале“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешните разговори со американската делегација предводена од американсккиот државен секретар Марко Рубио. Тој додаде дека меѓусебното присуство на амбасадите е „практично договорено“.

Неговиот американски колега Рубио поврди дека фокусот е да се осигура дека дипломатските претставништва можат да функционираат, го истакна создавањето на извонредна можност, но истакна и дека  интерес е да се здружат силите со Русите геополитички, за економски и други прашања.

Британски „Гардијан“ даде осврт на главните нешта кои беа договорени во Саудиска Арабија. Освен именувањето амбасадори „што е можно поскоро“, како втор чекор, Вашингтон и Москва имаат намера да започнат формални консултации за мировниот договор за Украина, при што Русија чека САД да го именуваат својот врвен тим, а преговорите се очекува да следат на „редовна“ основа.

„Разговорите ќе вклучуваат дискусии за територијата и безбедносните гаранции, бидејќи приоритет ќе биде тоа да се направи „траен крај на војната“, рече американската страна, но одби да разговара што би значело тоа за полуостровот Крим, на пример“, пишува „Гардијан“.

Американската страна инсистираше на тоа дека ќе ги вклучи Украина и Европската унија во разговорите во одредена улога, но без да се обврзе да им даде место на масата. Рубио рече дека „секоја страна што е вклучена во конфликтот мора да да се согласува, (договорот) да биде прифатлив за неа“.

Секоја повоена мировна гаранција треба да биде „предводена од Европа“, рекоа американските официјални лица, повторувајќи ги повиците до европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана и пофалувајќи ги Велика Британија и Франција што „зборуваа за посилен придонес за безбедноста на Украина“.

Но, Русија отфрли какво било распоредување на европски мировни сили во Украина, при што Лавров истакна дека тоа би било „целосно неприфатливо“, бидејќи тој го нарече проширувањето на НАТО кон исток „директна закана за Руската Федерација“.

На подолг рок, двете земји сакаат да истражуваат понатамошна геополитичка и економска соработка, при што Рубио ги пофали „вонредните можности“, но само ако прво се договорат за мировен договор за Украина, рекоа САД.

Американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц изјави денеска, по завршувањето на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина, дека практичната реалност е таква дека основата на секоја дискусија ќе биде дебата за територијата и безбедносните гаранции.

- Advertisement -
Ad image

– Ова се фундаменталните основи кои ќе бидат подлога и основа на секаков вид дискусија. Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото – рече тој на прес-конференцијата на американската делегација, пренесува Гардијан.

Share This Article