УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 километри на час. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Од четврток утринските температури ќе се движат меѓу минус 3 и минус 13, а дневните од минус 1 до 9 степени.