Опремата и хигиената во општините ќе ги чува комунална полиција

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за локална самоуправа Златко Перински очекува до летово да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа и новите кандидати за градоначалници во ноември годинава да бидат избрани по новото законско решение.

Со измените на Законот за локалната самоуправа ќе биде предвидена можноста за референдумско отповикување градоначалник, ќе се воведе комунален надзор и ќе е овозможи поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Перински очекува процесот на подготовка на предлог измените да завршат околу 30 март и потоа да се усвојат на владина седница и да влезат во собраниска процедура.

– Измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници – рече Перински.

Со измените, додаде, сакаме да ја подобриме ситуацијата и состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.

– Новиот закон кој ќе го донесеме ќе ги опфати новите градоначалници кои ќе ги добијат своите мандати после ноември. Убеден сум дека веќе сме спремни да прејдеме во следната фаза, а тоа е креирање на предлог измените за Законот за локална самоуправа и да ги доставиме до Собранието на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии, за да влеземе во фазата на усвојување на предлог измените. Уверен сум дека преку ваквиот отворен, транспарентен и инклузивен начин ќе дојдеме до многу подобро решение од ова кое што го имаме во моменто – изјави Перински пред почетокот на четвртата консултативна средба во Скопје.

Досега консултативни средби за измена на Законот за локална самоуправа се одржаа во Битола, Штип и во Гостивар.

Александар Спасеноски, професор од Правниот факултет, истакна дека Законот за локална самоуправа е важен системски закон

– Тој го положи тестот на времето, но како резултат на неговата долготрајна примена се јави потреба од определени измени и дополнувања. Главните измени и дополнувања се во насока на корекција на определени одредби кои се дел од актуелното законско решение за кои се покажало дека со текот на времето јавиле одредени аномалии и слабости. Наша цел е нив да ги детектираме во соработка со министерот, со Министерството, со градоначалниците и со другите важни чинители во оваа област и да предвидиме определени норми кои не се дел од ова законско решение, а се покажало дека се потребни. Таква норма, меѓу другото, е и идејата на отповик на градоначалник во согласност со највисоките европски стандарди – рече Спасеноски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде и дека со измените ќе се создаде основа за воведување на комунална полиција, чие функционирање ќе се уреди со посебен закон.

– Законот за локална самоуправа произлегува од Рамковниот договор и затоа целта на УНДП, Министерството и на нас како експерти е да вообличиме законско решение кое ќе биде прифатено од страна на најголемиот дел од партиите во Собранието. Кога станува збор за комунална полиција во оваа законско решение само воведуваме правна можност за нејзино воведување, а ќе биде регулирано со друго законско решение. Сега ние создаваме база за во иднина законски да се регулира оваа материја – рече Спасеноски.

Share This Article