Background

Европа стравува дека ќе биде исклучена, Макрон ги збира лидерите во Париз

Aмериканскиот државен секретар Марко Рубио планира да се сретне со руски функционери во Саудиска Арабија во следните денови за да разговараат за крај на војната во Украина. Средбите кои се на агендата на Рубио се дел од неговата турнеја на Блискиот Исток., пишува Би-Би-Си. Рубио денеска е во Ерусалим каде што ќе зборува за следните чекори од примирјето со израелскиот премиер.

Засега е нејасно кој ќе ја претставува Русија на средбите, додека Рубио ќе придружуваат советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот претставник на САД за Блиски Исток, Стив Виткоф.

– Целта на разговорите во Саудиска Арабија е да се договори средба помеѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски – изјави американскиот конгресмен Мајкл Мекол за време на Минхенската безбедносна конференција, која завршува денеска.

- Advertisement -
Ad image

Минатите денови на конферeнцијата повеќе лидери ја истакнаа потребата ЕУ да ја редефинира својата одбрана и да преземе поголемо учество во НАТО. В понеделник францускиот претседател Емануел Макрон ги збира европските лидери на состанок во Париз каде ќе се кршат копјата околу трошењето за одбраната и други горливи теми кои беа отворени на конференцијата.

Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ) влегува денеска во својот трет и последен ден. Европската безбедносна архитектура, побрз пристап во ЕУ за балканските држави и конкурентноста на Европската Унија се на агендата.

Рубио исто така оствари телефонски разговор со колегата од Русија, Сергеј Лавров. Рубио и првиот руски дипломат се договориле да ја подготвуваат средбата помеѓу Путин и Трамп. Руското МНР соопшти дека на средбата е планирано да се зборува и за ситуацијата во Палестина и на Блискиот Исток во целина, како и во други регионални области. 

Путин и Трамп во средата телефонски разговараа повеќе од еден час.

Аналитичари и медиуми во ЕУ предупредуваат дека телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин предизвика стравувања во ЕУ и НАТО на Европа да бидат целосно настрана во мировните преговори во Украина, па дури и стравувања од реконструкција на меѓународниот поредок и „нов Минхен 1938“.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски кажа дека Украина не е поканета на разговорите во Саудиска Арабија. Специјалниот претставник на Трамп за Украина, Кит Келог, вчера изјави дека Европа нема да учествува во мировните разговори. Келог ја фрли „бомбата“ на Минхенската безбедносна конференција, откако Европејците цела недела се обидуваа да нагласат дека мировните преговори за Украина не треба да се одржат без Киев или без нив.

Тој исто така рече дека мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели.

Би-Би-Си пишува дека „Европа и понатаму е прогонувана од договорите од Минск, неуспешниот договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија постигнат во 2015 година. Разговорите, кои беа посредувани од Франција и Германија, се обидоа да ги прекинат борбите во регионот Донбас во источна Украина“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation