Русија за 3 месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски 20 пати поголема од Русија, рече денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
– Русија се префрли на воена економија. Ние сè уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме бирократијата – рече Руте на Минхенската безбедносна конференција.
Тој ја нагласи потребата од побрзо прилагодување на одбранбените капацитети на НАТО.
Тој, исто така, рече дека членките на Алијансата ќе треба да ги зголемат трошоците за одбрана „значително повеќе од 3 проценти од БДП“.
Од друга страна, Руте рече и дека рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја на НАТО.
– Москва ќе се соочи со жесток и деструктивен напад од Алијансата доколку тоа се случи – рече Руте.