Во Министерството за економија денеска се одржа средбата со претставници на претставници на големите трговски синџири и на дистрибутерите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Министерството за економија денеска се одржа средбата со претставници на претставници на големите трговски синџири и на дистрибутерите.

Тема на разговор на средбата била предлог одлуката на Министерството за економија за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигиена.

Од Министерството информираа дека трговците и дистрибутерите дале свои предлози и забелешки кои Министерството дополнително ќе ги анализира.

Договорено е конечна одлука за тоа дали ќе има ограничување на маржите и колкави ќе бидат да се донесе следната недела.

Денешната средба доаѓа откако претставници на Стопанската комора на трговци на големо и мало се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски на која побараа да ги соопштат своите ставови и предлози во врска со зголемените цени.

Владата во вторникот на седница го задолжи Министерството за економија да ја подготви Предлог-одлуката којашто, според најавите, требаше да се одржи вчера на итна седница, но тоа не се случи. Со предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Одлуката беше донесена  по разгледувањето на извештајот на Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало беше утврдено дека има над 20% маржа на основните прехранбени производи и над 30% маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50%.

Share This Article