Поранешен висок полициски службеник и поранешен наќалник на СВР Охрид, З.С-Ш., бил приведен при обид за кражба во „Кам Маркет“ во Охрид, лоциран на булевар Туристичка. Според информации на „Охридскај“,кој ги доби од свиркач, ова лице веќе подолго време било предмет на опсервација од страна на вработените во маркетот, кои сомневале дека З.С-Ш. редовно врши кражби на софистициран начин. Вработените го следеле неговото однесување, бидејќи имале информации дека тој користи вешти методи за кражба.
Во текот на вчерашниот ден, кога З.С-Ш. обидел да излезе од маркетот, бил спречен од страна на вработените, кои веднаш повикале обезбедување и полиција. При извршениот претрес на осомничениот, било утврдено дека џебовите на неговата јакна биле намерно скинати, а преку нив, во внатрешноста на поставата, биле пронајдени украдени предмети како што се пакувања апетисани лешници и бајами по 100 грама, чоколади „Баунти“, „Милка“ и други стоки.
Според информации од свиркачот, вакви кражби се извршувале континуирано од страна на З.С-Ш., а иако постоеле повеќе претреси и претходни истраги, никој досега не го забележал неговиот вешт начин на извршување на кражбите, особено не облеката што ја користел за да ги сокрие украдените предмети.
Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со понатамошниот развој на случајот и евентуалните мерки што ќе бидат преземени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
