Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502.
Tagged as:
Во Крушево и на Попова Шапка веќе се формира снежна покривка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
