Хајрулахи вели дека „канцерот СЈО“ го зафатил и Советот за јавни обвинители

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од членот 25 став 3 од Закон за јавно обвинителство, јасно е дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сакајќи да им удоволи на обвинителите од поранешното СЈО, лекомислено и без анализа какви можат да бидат правните последици, бидејќи очигледно толку го владее правото, се излета и направи крупна професионална грешка со тоа што по негова директива, Советот на јавни обвинители, заедно со него, донесе скандалозна одлука, поставувајќи вршител на должноста раководител спротивно на одредбите од Законот за јавно обвинителство“.

Вака суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ја прокоментира последната одлука на Советот за јавни обвинители, кој одлучи друг обвинител да ја преземе неговата функција, иако за тоа нема никаков законски основ.

Како што е познато, вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители ја прелеа чашата на незадоволството на Владата од обвинителот Коцевски и таа денеска одлучила Министерството за правда да поведе активности за негово разрешување.

– Сведоци сте за тоа дека постојано зборував за тоа дека републичкиот јавен обвинител е само фигура, дека тој е октроиран од обвинителите од поранешното СЈО и дека слепо ги реализира нивните барања. Со ова се потврди тоа дека сум бил во право. Овој јавен обвинител ќе се памети по тоа што служеше на една криминална банда на обвинители, кои ја оцрнија целата фела. Тука мислам на бандата предводена од неколку обвинители од поранешното СЈО. За жал, Коцевски, сакајќи да ги спаси нив од нивните криминали во СЈО, самиот си ја запечати кариерата – вели Хајрулахи.

Тој додава дека сервилноста на Советот на јавни обвинители е повеќе од очигледна.

– Токму од овие причини, повеќе од потребно е што побрзо да се реформира и тоа тело, зафатено од канцерот наречен СЈО. Слепите извршители на Коцевски треба да се соочат со правдата и кривично да одговараат за незаконски донесените одлуки – категоричен е Хајрулахи.

Share This Article