Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави видеа со „дипфејк“ ефекти за да го сврти вниманието кон Самитот за вештачка интелигенција, кој се одржува во Париз, пренесува Би-Би-Си.
Во видеото објавено на неговите профили на социјалните мрежи, Макрон реагира на „дипфејк“ снимки во кои се појавува во сцени од популарни филмови и серии.
– Многу добро изработено – искоментира францускиот претседател.