Украинските сили во понеделникот извршиле голем напад врз клучна руска нафтена рафинерија на 725 километри југоисточно од Москва. Руската авијација ги прекина летовите на четири аеродроми поради нападот, јави Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта пресретнала 18 дронови над Саратов, град на реката Волга.
Во нападот нема жртви, изјави регионалниот гувернер Роман Бусарагин.
– Силите за воздушна одбрана ги елиминираа дроновите. Штета е предизвикана во индустриско претпријатие во Саратов. Оперативните служби работат на места каде што можеби паднале остатоци – рече Бусаргин.
Нападот бил извршен со вкупно 40 дронови, а останатите, според гувернерот на регионот Белгород, паднале во четири села на регионот Белгород.
Снимки од рафинеријата која гори објавија неколку руски неофицијални новински канали на Телеграм. Рафинеријата е во близина на воздухопловната база Енгелс.