Background

Сојузот на борците ги даде на Уставен суд имињата на тетовските улици

Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката на Советот на Општина Тетово од април 2007 година, со која се променија имињата на повеќе улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Од Сојузот образложуваат дека одлуката е спротивна на членовите 7, 8 и 51 од Уставот на Македонија. Одлуката е спротивна и на членовите 5, 6, 7 и 8 од Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, како и на член 6 став 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик.

„Очекуваме Уставниот суд одлуката да ја укине како неуставна и незаконита. Спорноста на одлуката произлегува од нејзината едностраност, односно истата е донесена без исполнување на законскиот услов – претходна согласност од Владата на Република Македонија. Спорната одлука и покрај тоа, се применува од страна на Општина Тетово и од нејзините јавни претпријатија, иако државните органи не ја применуваат. Поради ова  произлегува и потребата од постапка за нејзино укинување“, соопшти Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово.

- Advertisement -
Ad image

Оттаму посочуваат дека со опорената одлука за одредени улици се утврдени имиња со употреба на странски јазик, а на кирилско писмо.

„Уставот и Законот налагаат имињата на улиците да бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Оттаму, незаконски е улица да се вика „Конгреси и Манастирит“, или „Дешморет е комбит“, бидејќи истите се напишани на албански јазик, но на кирилско писмо. Правото на граѓаните кои се од малцинска заедница, која е застапена со над 20% од населението, да биде испишано името на улицата и на нивниот јазик е сосема друг тип на јазично право. Законот е јасен и налага соодветна употреба на македонскиот јазик“, се вели во соопштението на Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово.

По најавата на Општина Тетово за именување на нови улици, Општинската организација на Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово испрати отворено писмо до тетовскиот градоначалник во кое бара да нема преименување на градските улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народности.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation