Бизарен смртен случај ја разбранува српската јавност откако шеесетгодишник беше поклопен од фрижидер од кој сакал да украде пиво во локална продавница на плоштадот во Трстеник. Снимката од несреќата брзо се прошири на социјалните мрежи.
Шеесетгодишникот бил придружуван од С.П.(49), кој бил уапсен од полицијата во Трстеник и му е одреден дводневен притвор, јавува српското Министерството за внатрешни работи.
„Тој е осомничен дека не му помогнал на Г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидерот пред локална продавница кој, како што се сомневаат, заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди Г.Т. починал“, пренесуваат српските медиуми.