Background

По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата крена уши

Опозицијата во Албанија побара оставка од премиерот Еди Рама по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Опозицијата Рама го нарекува „шеф на пирамидата на криминалот”.

Претходно, вчера попладне, беше објавено дека на барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), на градоначалникот на Тирана му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, во отсуство и е одреден куќен притвор. Ѕоѕа веќе два дена е во Рим.

Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана.

- Advertisement -
Ad image

Според лидерот на демократите, Сали Бериша „пирамидата на криминалот се урива благодарение на опозицијата и народот”.

– Се потврдува дека се работи за криминална организација. Несомнено тоа што се случи е заслуга на граѓаните и на опозицијата.  Еди Рама треба веднаш да поднесе оставка, поради тоа што е марионета на Сорос во Албанија и е шеф на криминалот во Албанија – изјави Бериша.

Другите опозициски партии, освен барањето за итна оставка на Рама, меѓу другото потсетуваат дека со 46 протести пред општина Тирана барале апсење на Велиај.

Според нив, Велиај е уапсен за да се засени веста дека групата на Трамп што ја водеше неговата претседателска кампања, ќе ја води кампањата на опозицијата за парламентарните избори на 11 мај.

Во реакцијата на социјалните мрежи, поранешниот лидер на демократите, Љуљзим Баша, ја поздрави работата на СПАК за „ударот врз општина Тирана”, која ја нарече  „машина за перење пари“.

Како што објавија медиумите, Рама, кој поради овој настан ја прекина посетата на северниот град Скадар и се врати во Тирана, за синоќа свикал на состанок партиското раководство.

EPA-EFE/MALTON DIBRA (архивска фотографија)

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation