Тим чешки научници го открија најголемото подземно термално езеро во светот во Албанија, објавија чешките медиуми, пренесува Anadolu.
Откритието е направено по повеќегодишно истражување предводено од чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер, објави Радио Прага.
Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните топли извори, научниците открија бездна длабока 100 метри.
На неговото дно пронашле езеро, долго 138 метри и широко 42 метри.
Со обем од 345 метри, езерото може да собере приближно три пати поголем волумен на вода од главната сала на Националниот театар во Прага.
Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се хранат со вода од подземно езеро.
„Веруваме дека ова откритие може да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, рече членот на тимот Ричард Буда, фотограф и спелеолог.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
