Background

Лидери од многу земји ќе дојдат на прославата на Денот на победата

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, ја прифати поканата од неговиот руски колега Владимир Путин да присуствува на прославите по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави Ројтерс.

„Си ја прифати поканата да учествува на прославите на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна“, објави државната руска агенција ТАСС, повикувајќи се на изјавите на рускиот амбасадор во Пекинг, Игор Моргулов.

Во декември, Кремљ објави дека ги поканил лидерите на „многу земји“ да се приклучат на прославите по повод 80-годишнината од победата.

- Advertisement -
Ad image

Путин пред неколку месеци го покани и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ја посети Москва.

„Ве поканувам да земете учество на свеченостите по повод 80-годишнината од Победата во Големата татковинска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, се наведува во поканата на Путин до Вучиќ.

Како што се додава, овој најважен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото.

Советскиот Сојуз претрпе ужасни загуби – вкупно 27 милиони мртви – во Втората светска војна, вклучително и милиони во Украина, но на крајот ги принуди нацистичките сили на повлекување, стигнувајќи до срцето на Берлин каде што Адолф Хитлер изврши самоубиство, а знамето на Црвената армија беше подигнато над Рајхстагот во 1945 година.

Безусловната капитулација на Нацистичка Германија, која почна утрото на 8 мај 1945 година во 11:01 часот се слави како „Ден на победата во Европа“ од Франција, Велика Британија и САД. Во Москва веќе беше 9 мај, а годишнината од „Денот на победата“ во она што и денес руската влада го нарекува Голема патриотска војна (1941-1945). Ова е најважниот нерелигиозен празник во рускиот календар.

Според амбасадорот Моргулов, кинескиот претседател Си го покани Путин во Кина на церемонии во таа земја по повод крајот на Втората светска војна во септември.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation