Background

ПРОНАЈДЕНИ СЕ ТЕЛАТА НА 67 ЖРТВИ ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО САД

Посмртните останки на сите 67 жртви од судирот на патнички авион на „American Airlines“ и воен хеликоптер што минатата недела се случи над реката Потомак, се извлечени од водата. Речиси сите се идентификувани.

Во меѓувреме, Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека ги анализира најновите податоци што покажуваат дека хеликоптерот го надминал максималниот дозволен плафон на летање од 61 метар. Според податоците од радарските сензори и други извори на главниот екран од контролата на летање на аеродромот, хеликоптерот летал на височина од 91 метар, соопштија од НТСБ.Истражителите изјавија дека за да се потврдат овие бројки потребни се повеќе информации од хеликоптерот, што сè уште е под вода. Авионот летал на висина од 99 метри, со минус седум до осум метри погрешност.

„Семејствата на жртвите кои ја преживуваат оваа трагична загуба се во нашите срца“, се наведува во заедничката изјава на градските и федералните агенции кои учествуваат во потрагата.

- Advertisement -
Ad image

Од реката се веќе извлечени десното крило на авионот, централниот дел на трупот, делови од предната кабина, фрагменти од опашниот капак и вертикалниот стабилизатор. Властите изјавија дека сега се фокусирани на вадење на остатоците на авионот и се надеваат до крајот на неделата да го извлечат и хеликоптерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation