Отворена е истрага против Пеце Мирчески со која се опфатени негови финансиски активности од периодот кога беше директор на владината Служба за општи и заеднички работи-СОЗР,дознава Охридскај од свој извори.
Од обвинителството потврдуваат дека се преземаат одредени активности:
-„Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“.
Се вршат претреси во домот на Мирчевски, а надлежните не соопштуваат дали е приведен туку наведуваат дека тоа ќе зависи од резултатите на претресот.
Пеце Мирчески е поранешен директор на СОЗР и ја извршуваше функцијата од 2017-та до промената на власта лани.